НА 30-ТИ ЈАНУАРИ ЌЕ БИДЕ ОДРЖАНА 22-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

На 30 јануари, 2023 година, Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 22. седница. На првата седница во 2023 година, Советот на Општина Гевгелија ќе расправа по Предлог-Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за одобрување на план на програми и развој на Општина Гевгелија за 2023 година, Предлог-Одлуката за зголемување и пренамена на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година и неколку Предлог-Програми на Општина Гевгелија за 2023 година во рамките на своите надлежности. Пред Советот ќе се најдат и неколку иницијативи за изработка на УП, како и Извештаите за корисниците на буџетски средства од минатогодишните, Програми за финансирање на спортските и културните активности, месните заедници и невладините организации и здруженија. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *