МТСП СКЛУЧИ ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА ЗА ДОГРАДБА НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „СОНЧОГЛЕДИ“ ВО ГЕВГЕЛИЈА ВРЕДЕН 798.493 ЕВРА

Министерството за труд и социјала на 23 јануари 2023 година склучи договор за јавна набавка со „Урбан план конструктион УПЦ“ ДООЕЛ Експорт импорт Тетово, фирма за производство, градежништво, транспорт, угостителство и трговија и услуги од Тетово. Предмет на договорот за јавната набавка е изведување на градежни работи за доградба на детската градинка „Сончогледи“ во Општина Гевгелија , на улица Ристо Јанев .
Инаку, проценета вредност на набавката со ДДВ е 49.353.239 денари или во противвредност од 798.493 евра. Во конкуренција на 4 фирми понудувачи, URBAN PLAN CONSTRUCTION UPC ДООЕЛ експорт-импорт Тетово имаше понудено најниска цена.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *