МОН СО ПОВИК ЗА НАПРЕДУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИ ВО МЕНТОРИ. НА СПИСОКОТ ОД ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА СЕ ЧЕТИРИ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА.

Во самиот повик е наведена листа со општини и училишта на кои се однесува истиот. Од Општина Гевгелија на списокот се ООУ „Свети Климент Охридски“-Миравци, ООУ „Крсте Мисирков“, ООУ „Владо Кантарџиев“ и ООМУ „Васо Карајанов“
 
На почетокот на новата календарска година Министерството за образование и наука дава нова можност за кариерно напредување на наставниците од основните училишта. 
На веб-порталот www.karierenrazvoj.mon.gov.mk е објавен повторен повик за пријавување на наставници од основни училишта за напредување во звање ментор.
 
На повикот може да се пријави наставник од основно училиште кој ги исполнува условите согласно Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, односно има најмалку 7 години работно искуство како наставник, вработен е на неопределено работно време и ги исполнува професионалните стандарди за наставник–ментор.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *