МИНАТАТА, 2022 ГОДИНА, ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА СЕ ОДРЖАА 70 НАСТАНИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА

70 настани од областа на културата, минатата година, беа одржани во Гевгелија. Било да се организирани од културните институции по повод одбележување празници, патрони или од поединци уметници, едноставно за збогатување на културно-забавниот живот и за сечиј вкус на граѓаните од општина Гевгелија, во најголем број со поддршка од Општина Гевгелија.
 
Во рамките на своите програми за работа за 2022 година, најголем дел од културните настани беа во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, Пионерски дом- Гевгелија, како и Националната установа Народен музеј- Гевгелија.
 
Гевгеличани имаа можност да проследат настани и манифестации од областа на театарот, музиката, ликовната уметност, книжевноста и сл.. Не изостанаа и одржувањата на традиционалните манифестации кои се белег на културата во Гевгелија, како: културно-уметничката манифестација „За тебе љубов моја“ која минатата година го забележа своето 20. издание, фолклорната манифестација „Ѓура Мара“, Меѓународниот натпревар по пијано, 14 по ред мултимедијален „Бош Фестивал“ „Спасовден 22“ и чествувањето на општинскиот празник „7 Ноември“ со неколкудневна богата програма.
 
Активен придонес во културниот развој на Гевгелија дадоа и фолклорните групи од Гевгелија: Aнсамблот „Бојмија“, КУД „Танец“- Миравци“, КУД „Браќа Толеви“- Прдејци и КУД „Негорци“- Негорци со одржаните годишни и новогодишни концерти и концерти за одбележувања на нивните годишнини од формирањето.
 
Минатата година, за развојот на културата во Гевгелија Општина Гевгелија издвои средства во висина од 1.600.000 денари, a со Програмата за финансирање на културните активности поддржа 41 физичко и правно лице.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *