КУЛА КОЈА ВШМУКУВА СМОГ ОД ВОЗДУХОТ ВО ПОЛСКА, ГО ПРОЧИСТУВА ВОЗДУХОТ ОД ШТЕТНИ ЧЕСТИЧКИ !

Еве една интересна иновација со која би можело да се прочистува воздухот во загадените градови и во Република Македонија.
 
Инаку, Kулата е дел од проектот што го започна холандската компанија Студио Роузгард предводена од дизајнерот и иноватор Даан Рузгард, кој има за цел да создаде почист воздух во урбаните области. 
 
Висината на оваа иновативна кула е 7 метри а дебелината е 3, 5 метри. Користејќи јонизирачка технологија, кулата привлекува и апсорбира штетни честички на смог и го враќа прочистениот воздух назад. Собраните честички од јаглерод кои се оставени зад себе по прочистувањето на воздухот се компресирани и се користат за правење накит.
 
Научниците од технолошкиот универзитет Ајндховен ја проучувале ефективноста на кулата „Роузгард“ и откриле дека може да зафати до 70% од честичките ПМ10 (суспендирани честички помалку од 10 микрометри во дијаметар) и до 50% од честичките ПМ 2,5 (суспендирани честички помали од 2,5 микрометри во дијаметар) . Тестовите откриле дека кулата троши помалку електрична енергија од обичен бојлер.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *