КОНКУРСОТ ЗА 12 КАНДИДАТИ ЗА ЛИЧНИ АСИСТЕНТИ НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО ОПШТИНИТЕ ГЕВГЕЛИЈА И БОГДАНЦИ ТРАЕ ДО 6-ТИ ФЕВРУАРИ

За воведување на услугата лична асистенција на подрачјата на општините Гевгелија и Богданци, во рамки на Проектот за подобрување на социјални услуги на МТСП, Општина Гевгелија, Општина Богданци и ОО Црвен крст- Гевгелија распишаа Конкурс за пријава на 12 кандидати кои ќе посетуваат тримесечна обука за лични асистенти на лица со попреченост.

Согласно склучениот Договор за реализација на добиениот грант, трошоците за следење на обуката ќе бидат покриени со средства од МТСП, а патните трошоци ќе бидат покриени со средства од Општините Гевгелија и Богданци. По завршувањето на обуката, со стекнувањето на државно-признат сертификат, личните асистенти ќе бидат ангажирани за давање на услугата во период од 12 месеци, со надоместок за давање на услугата.
 
Пријавувањето на кандитатите трае до 6 февруари, 2023 година, во просториите на ОО Црвен крст Гевгелија или со достава на пополнета пријава на е-маилот: gevgelija@redvross.org.mk. Кандидатите треба да ги исполнат следните критериуми: да се државјани на РСМ, полнолетни (над 18 г.), психо-физички способни, со минимум завршено средно образование и да бидат мотивирани за давање на услугата лична асистенција на лица со попреченост.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *