ФОРУМ – ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА ОД ПРОЕКТОТ „ВРСНИЧКИ ФОРУМ ТЕАТАР ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТА“

WEB Телевизија во живо

Вчера, во големата сала на Народниот театар во Гевгелија се одржа форум-театарската претстава од проектот „Врснички форум театар против насилство во училиштата“, во организација на ЗГ „Од станица до граница“и на ЗГ „Рубикон“ .
Проектот „Врснички форум театар против насислтво во училиштата“ е одобрен од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2)”, финансирана од Европската унија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Гевгелија.
 
Овој проект го третира проблемот на врсничко насилство во училиштата во општина Гевгелија во насока на препознавање, превенција и постапување при ваквите случаи. Проектот треба да придонесе за зајакнување на капацитетите на учениците во основните и средните училишта за превенција и справување со врсничко насилство, како и унапредување на компетенциите на наставниот кадар, психо-педагошкиот тим за детектирање, превенција и структуриран пристап во справување со врсничкото насилство. Дополнително, ќе се работи и на јакнење на меѓусекторската соработка на сите вклучени институции во системски одговор на случаите на врсничко насилство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *