ДОБИТНИЦИ НА СТИПЕНДИИ ОД ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

САРА КИТАНОВСКА, ТАМАРА ФИЛИПОВА, ЗОРИЦА АНДОНОВА, ВАЊА НЕСТОРОВ АНДРИЈЕВИЌ, ТЕОДОР УЗУНЧЕВ, ГЕОРГЕ ДЕМЕРЏИЕВ, ДРАГАН ИКОНОМОВ, МАРТИН ГОЦЕВСКИ И ДРАГАН СТОЈАНОВ ЌЕ ДОБИЈАТ СТИПЕНДИИ ОД ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА
 
Општина Гевгелија ќе додели 5 стипендии за студентите запишани во прва година на Медицинските факултети и 4 стипендии за студентите запишани во прва година на Машинските и Електротехничките факултети во државата, за академската 2022/2023 година.
 
Согласно Одлуката на Комисијата за образование, култура и спорт која беше задолжена за спроведување на Конкурсот, а во врска со Одлуката на Советот на Општина Гевгелија за стипендирање на 10 студенти, жители на општина Гевгелија, Сара Китановска, Тамара Филипова, Зорица Андонова, Вања Несторов Андријевиќ и Теодор Узунчев се петте добитници на општинска стипендија- студенти запишани на Медицинските факултети, додека Георге Демерџиев, Драган Икономов, Мартин Гоцевски и Драган Стојанов се четирите добитници на општинска стипендија – студенти запишани на Машинските и Електротехничките факултети во државата.
 
Висината на стипендијата изнесува 6.000 денари за 10 месеци во академскaта година од Буџетот на Општина Гевгелија, а исплатата ќе се изврши врз основа на склучен договор. Имено, на Конкурсот што Општина Гевгелија го распиша за доделување 10 стипендии, се пријавиле вкупно 13 кандидати, од кои 9 студенти запишани во прва година на Медицинските факултети, а 4 студенти запишани во втора година на Машинските и Електротехничките факултети.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *