ДЕСЕТ УЧЕНИЧКИ ОД ГЕВГЕЛИЈА ЈА ЗАВРШИЛЕ ЖЕНСКАТА ГИМНАЗИЈА ВО СОЛУН ДО 1912 ГОДИНА

WEB Телевизија во живо

Магдалена Хаџи Костова(Константинова), Магдалена Георгиева(Хаџи Митрова), Тодора Николова (Кованцалиева), Софија Т. Карајанова, Викторија Мирева, Марија А. Динкова, Марија Хаџи Мицева, Руска Рунтева, Рајна(Ристова)Стамова и Пандора Трајкова ја завршиле Женската гимназија во Солун во периодот од крајот на осумдесетте години од 19 век па се до почетокот на Балканските војни 1912 година.
 
На сликата е хорот на оваа гимназија од 1911 година. Првата од десно, во вториот ред одоздола е Рајна Стамова, а во истиот ред шестта е Марија Хаџи Мицева.. Трета од лево на десно, во вториот ред, одозгора, е Светлана (Донева) Динкова
Имено, трговските и воопшто стопанските врски на Гевгелија со Солун овозможиле во минатото не само економско, туку и културно-просветно влијаниевој најголем град во Егејска Македонија врз градот Гевгелија. 
 
Така, повеќето од учениците кои завршувале прогимназијални училишта во Гевгелија, го продолжувале своето зование во Солун, каде што постоеле повеќе средни училишта.
Така, од крајот на 80-те години на 19-от век до 1912 година, од Гевгелија завршиле вкупно 63 лица средно образование а 10 вишо и високо образование.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *