БОГОЈАВЛЕНИЕ,КРШТЕВАЊЕТО ГОСПОДОВО (ВОДИЦИ). ЌЕ СЕ ОСВЕТУВААТ ВОДИТЕ НА ВАРДАР И ЌЕ СЕ ПЛИВА ПО ЧЕСНИОТ КРСТ

Богојавление и оваа година ќе се одбележи во Гевгелија со осветување на македонскиот Јордан, реката Вардар со традиционално фрлање на Чесниот и богојавленскиот крст и пливање по него, на кој се пријавени поголем број на пливачи.
 
Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. 
 
За време на крштевањето на Исус Христос Бог јасно и конечно се пројави како Света Троица, Отец, Син и Дух Свети. Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и Дух.
 
Вечерта на Водопост штом ќе зајде Сонцето, спроти празникот, христијаните почнуваат да се поздравуваат со „Бог се јави“, а одговараат е „Навистина се јави“!
Нашите стари верувале дека ноќта меѓу 18. и 19. јануари е време кога небото се отвора и „Бог се јавува“.
 
Според верувањето, Богојавление-јавувањето или објавата од Бог, се случува во текот на ноќта во очи на Богојавление, кога за миг се отвора небото за да се вкрстат ветровите што дуваат во зима со оние што дуваат во лето. Во тој миг сите води на светот престануваат да течат, а оној што ќе се затекне на отворено и ќе го види тоа, може од Бог да побара исполнување на една желба.
 
Според христијанското верување, во 30. година од нашата ера Исус Христос како дрводелец живеел со својата мајка Марија и нејзиниот сопруг Јосиф, а потоа го повикал Јован Крстител да го крсти во реката Јордан. Според Библијата, веднаш по крстењето, а тоа било извршено со три пати потонување во водата, се отворило небото и се слушнал гласот на Отецот Бог кој објавил дека Исус е негов син, а тогаш рамото на Исус слетал Светиот Дух во облик на гулаб. Со ова крштевање Исус го означил почетокот на својата мисија и проповедите.
 
Богојавление е еден од петнаесетте најголеми христијански празници. Него го карактеризираат и голем број други верувања и обичаи кои се практикувале во минатото. Се верува дека немажените девојки, доколку стават огледало под перница на 18 јануари ќе го сонуваат мажот за кој ќе се омажат.
 
Исто така во некои делови, девојките месат по четири топчиња од тесто. Во три од нив ставаат ливче хартија со име од своите симпатии, а едно оставаат празно. Потоа топчињата ги ставаат во вода што врие и првото топче што ќе излезе на површина го носи името со љубовта на таа девојка. Доколку прво на површина исплива празното топче-тоа значи дека девојката сеуште не го запознала оној што и е суден.
 
Се верувало дека во време на Богојавление се претскажувало какво ќе биде времето цела година. Ако има голем мраз или врне снег, годината ќе биде родна. Ако биде ведро, ќе биде сушна.
Доколку 19 јануари биде дождлив, цела година ќе има многу врнежи и поплави.
 
На овој ден се осветува водата за која се верува дека е лековита и чудотворна и се нарекува богојавленска вода. Неа верниците ја носат дома и ја чуваат како лек во текот на целата година.
Богојавление и оваа година ќе се одбележи со осветување со традиционално фрлање на богојавленскиот крст и пливање по него,

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *