БЕЗ ПРИСУСТВО НА МЕДИУМИ ДЕНЕСКА ВО ГЕВГЕЛИЈА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАКЕДОНИЈА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ОСТВАРИ СРЕДБИ

БЕЗ ПРИСУСТВО НА МЕДИУМИ ДЕНЕСКА ВО ГЕВГЕЛИЈА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАКЕДОНИЈА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ОСТВАРИ СРЕДБИ СО НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА, УСПЕШНА БИЗНИСМЕНКА И ВРАБОТЕНИ ВО ЦРВЕНИОТ КРСТ ГЕВГЕЛИЈА.
 
Во неколкучасовна посета, денес во Општина Гевгелија престојуваше претседателот на државата Стево Пендаровски. По барање од кабинетот на претседателот, не беше дозволено присуство на претставници на медиумите, бидејќи, како што разбравме претседателот сакал лични средби, лице во лице, со претствници на невладиниот сектор, поединци кои започнале свој сопствен бизнис со поддршка на УНДП и со Општинската организација на Црвениот крст во Гевгелија.
 
По посетата, тој на фејсбук профилот објави дека при посетата на Гевгелија го посетил новоизградениот објект на Црвен Крст Гевгелија, при што на вработените им честитал за високата мотивираност на општинската организација во поттикнувањето на позитивни процеси во овој регион.
 
Потоа Пендаровски ја посетил Мартина Стојчевска која стартувала свој бизнис за организација на настани, декорирање и изработка на подароци, во исклучително специфични услови наметнати од пандемијата.
 
Ја пофалил нејзината успешна бизнис приказна, основана со помош на грант од Програмата за Самовработување реализирана од Министерство за труд и социјална политика и Агенција за вработување со поддршка од UNDP MK.
 
Претседателот се сретнал и со претставници на невладините Changemakers4all. За пофалба, напишал тој, се нивните заложби насочени кон заштита на животната средина, туристичката промоција, развојот на земјоделството и слободата на говор.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *