42-ОТ РОДЕНДЕН НА ТОШЕ ГО ОДБЕЛЕЖАА И МАКЕДОНСКИТЕ МАРАТОНЦИ МЕЃУ КОИ БЕШЕ И ГЕВГЕЛИЧАНЕЦОТ ТОДОР АНЧЕВ

Македонската легенда Тоше Проески денеска ќе наполнеше 42 години, да не се случеше ужасната несреќа на 16 октомври 2007 година.
По тој повод дел од маратонците кои веќе 15 години го трчаат Ултра маратонот од Нова Градишка до Крушево, се собраа денес во Крушево, да му оддадат почит на пејачот-ангел со големо срце во кое имаше љубов за сите.
 
Наум Капрически, Тодор Анчев, Никола Гелов и Димитар Ристовски, четворицата маратонци утринава беа присутни на црковната литургија, потоа заминаа на Гумење на неговото вечно почивалиште а престојот го завршија во Спомен куќата на Тоше Проески каде свој настап имаа неколку музички групи.
 
Тоше Проески по неговата смрт е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија.
За неговата кратка кариера постигна голем успех а сега остануваат само испишаните стихови и песни оставени зад него. „Ве сакам сите..“ се зборовите што секогаш ќе се паметат.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *