УТРЕ, ВТОРНИК, ВО ГЕВГЕЛИЈА, ПРЕМИЕРА НА ВТОРИОТ ФИЛМ НА ДАРИЈАН ПЕЈОВСКИ „МИМИ“

WEB Телевизија во живо

ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, за љубителите на филмската уметност закажа премиера на новиот македонски филм „Мими“. Филмот на режисерот Даријан Пејовски, ќе се прикажува утре (6 декември, 2022 година), во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот. Билетите чинат 100 денари и можат да се купат во Народниот театар- Гевгелија, денеска и утре до 15:00 часот и пред почетокот на емитувањето на филмот.
 
Мими“ е втор долгометражен филм на Пејовски, кој во својата филмска биографија како режисер ги запиша „Три дена во септември“ (2015), неколку краткометражни филмови, а во изминатиот период работеше на ТВ-сериите „Фамилија Марковски“, „Инсајдер“ и „Преспав“.
 
Во овој филмски проект, режисерот фокусот го става на два женски лика, портретирани од млади македонски актерски таленти, кои ќе имаме можност да ги видиме во филмските кадри поддржани од искусна машка актерска екипа, предводена од Оливер Митковски. 
 
Преку разработка на психолошките аспекти на несовпаѓањето со средината и обидите за воспоставување на емоционална рамнотежа во општество базирано на алчност и површност, низ призмата на новите генерации, во стил карактеристичен за Пејовски, „Мими“ претставува повик за освестување на одредени аспекти од личноста на секој еден од нас.
 
„Мими е психолошка драма за девојка која, потисната од родовите предрасуди во родниот крај, доаѓа да живее во Скопје. Се запознава со eкстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во опсесија. Мими е филм за површноста, и лажните фасади што ги покажуваме пред другите, вели Даријан Пејовски, режисер на филмот.
 
Во филмот играат: Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Стефан Спасов, Дениз Абдула и Владимир Петковиќ.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *