ТРИ ПРВИ И ЕДНО ВТОРО МЕСТО ЗА ТАНЧЕРСКАТА ГРУПА „MYSTIC“ НА „WINTER INTERNATIONAL DANCE ZAGREB 2022“

Три први и едно второ место е резултатот на учеството на малите танчери од клубот „Мистик“ од Гевгелија на Winter International dance Zagreb 2022
Од 9-ти до 11-ти декември 2022 година во Загреб, Република Хрватска, се одржа ЗАГРЕБ 2022 , танц натпревар во организација на INTERNATIONAL DANCE OPEN. 
 
Натпреварот традиционално се одржува осма година по ред во градот Загреб под покровителство на Загребскиот туристички одбор.
Натпреварот во салата на О.Ш. КСАВЕР САНДОР ЃАЛСКИ во Загреб, собра над 3.000 деца танчери во различни категории од бројни земји од регионот и светот. Натпреварот го оценуваа над 20 меѓународни стручни судии од различни земји.
 
За три дена танчерите се натпреваруваа во акробатика, балет, џез танц, современ танц, лирски, хип хоп и многу други танцови дисциплини.
Последниот ден од натпреварувањето, гледачите уживаа во ГАЛА НАСТАНОТ, вечер на која беа претставени 30-те најдобри кореографии од целиот натпревар .
 
International Dance Open е еден од најголемите танцови натпревари во Европа за танчери од сите нивоа и сите возрасти во танцови стилови. Целта на организацијата е да ги собере младите, талентирани танчери за време на натпреварите. Победниците се промовираат преку социјалните мрежи. Тоа е совршен начин да се ставите во центарот на вниманието! Секој може да учествува во групи, школи за танц и индивидуални танчери.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *