ТРАДИЦИОНАЛНА НОВОГОДИШНА МАНИФЕСТАЦИЈА „НОВОГОДИШНИТЕ ЅВЕЗДИ НА „ДОН КИХОТ“

WEB Телевизија во живо

Утре, вторник, на 27 декември 2022 година, во Народниот театар во Гевгелија ќе се одржи традиционалната новогодишна манифестација „Новогодишните ѕвезди на Дон Кихот“ организирана од Драмската група „Дон Кихот“ при СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија. На манифестацијата ќе учествуваат ученици со свои музички интерпретациии, а ќе бидат изведени и неколку драмски едночинки. Драмската група „Дон Кихот“ работи под раководство и менторство на професорката Даниела Џишева, а во реализацијата на манифестацијата се вклучени и професорите: Александра Ќаева, Вања Манчева и Тони Аврамов.
Почетокот на манифестацијата е закажан за 19.00 часот во Народниот театар во Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *