СВЕТА ВЕЛИКОМАЧЕНИЧКА ВАРВАРА. СЕ ВЕРУВА ДЕКА ДЕНЕС КОЈ ПРВ ЌЕ ТИ ВЛЕЗЕ ВО ДОМОТ, ТАКВА ЌЕ ТИ БИДЕ ГОДИНАТА

WEB Телевизија во живо

Според календарот на МПЦ православните верници денеска го одбележуваат споменот посветен на Светата великомаченичка Варвара. Еден од поголемите христијански празници од зимскиот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 17 декември по стариот календар.
 
Меѓу народот постои верување дека не се оди никаде на гости на овој ден, туку дека се седело дома. Се верува дека денес кој прв влезе дома таква ќе биде годината. Кој ќе те полази таква среќа ќе ти донесе, затоа народот верувајќи во ова гледал прво мало дете да ти стапне прво дома па среќа ,радост, мила да ти биде годината. Или пак тој што ќе влезе да носи леб со него – за бериќет
Кај нас за овој празник е сочуван обичај, иако со непознато потекло, на овој ден да се вари жито (разни житарици) кое ќе се јаде следните неколку денови. Исто така денес се сее и божиќната пченица.
 
Во гевгелиско домаќинката мешала повеќе житни култури (пченка, јачмен, овес, просо и др.) ги варела и им ги давала на кокошките да им се разварат цревата и да несат повеќе јајца во текот на годината.
Старите велат дека од овој празник денот започнува да расте, а ноќите стануваат пократки.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *