СО СВОИТЕ СЛИКИ, ЃОРГИНА СПАСЕВСКА ПРАВИ ИЗВОНРЕДЕН СПОЈ НА СЛИКАРСТВОТО И ПОЕЗИЈАТА ИСПИШАНА СО БРAЈОВОТО ПИСМО

WEB Телевизија во живо

Со уникатен спој на сликарството и македонската поезија во изложбата „Допирот има меморија“ гевгелиската уметница Ѓоргина Спасевска синоќа се претстави во НУ Музеј Гевгелија, уметничка галерија Амам.
 
Освен визуелното доживување, изложбата им овозможи на лицата со оштетен вид да ја искусат ликовната уметност на едно сосема поинакво ниво. Изработените уметнички дела се создадени без визуелни граници, со можност преку Брајовото писмо, лицата со оштетен вид да ја доживеат уметноста на поинаков, единствен и моќен начин.
 
Со допирање на површината на платното се откриваат зборови, цитати од македонската поезија, кои ја прават конекцијата меѓу зборот и сликата, делото и замислата. Дел од стиховите се од богатото творештво на некои од најпознатите македонски автори:
„Сама себеси врата – сама себеси клуч.“ – Анте Поповски;
„Цел живот верував дека е жена
не знаев дека е Бог,
само тој не копнее по ништо.“ – Анте Поповски;
„Ама срцето човечко било бунар: само се полни, а не се преполнува.“ – Петре М. Андреевски.
 
Сликите се изработени во техниката акрил на платно, и како што вели Спасевска, претставуваат моќна експресија на платното за нејзината визија.
Спасевска со создавање на уметност се занимава повеќе од 20 години, од кои последните неколку години и професионално. 
 
Учествувала на повеќе уметнички настани и изложби, како дел од иницијативата „Донирај уметност“, каде што беа донирани збирки од повеќе од 70 уметнички дела од Северна Македонија до Грција како солидарност по пожарите во Грција, 2018 година; Саемот за уметност In Situ – Саем во МКЦ Скопје, 2019 година; настанот „Запознај го уметникот“ со изведба во живо – создавање уметност, Скопје, 2019 година; дел од групната изложба „Будење“, ноември 2021 година, а авторка е и на две самостојни изложби – едната како дел од настанот Skopje Design Week во Јавна соба, Скопје 2018 година и самостојната изложба „Femme“, март 2019 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *