СО 12 ГЛАСОВИ ЗА И 6 ВОЗДРЖАНИ УСВОЕН НАЦРТ-БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗА 2023 ГОДИНА ПРОЕКТИРАН НА 496 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

WEB Телевизија во живо

Советот на Општина Гевгелија, на 20-та седница, со 12 гласови за и 6 воздржани, го усвои Нацрт-Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година. Нацрт-Буџетот за следната година е проектиран на 496.664.933 денари. Додека, вкупните приходи на Основниот буџет за 2023 година се проектирани во висина од 203.681.049 денари. 
 
Во Основниот буџет, капиталните приходи учествуваат со 9,65% или 19.650.000 денари, додека во билансот на расходи, капиталните расходи со 25,42% или 51.785.315 денари.
 
Во расправата по Нацрт-Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, учествуваа повеќе членови на Советот на Општината, давајќи конкретни предлози, забелешки и идеи за дополнување на Нацрт-Буџетот.
 
По отворените викенд-средби со граѓаните, а во рамките на јавната расправа, започнуваат и средбите со Месните заедници за евидентирање на нивните предлози во Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година. 
 
По јавната расправа, се очекува Предлог-Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, пред крајот на годината, повторно да се најде пред советниците за конечно усвојување, информираше градоначалникот на Општина Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *