СЕДУМ СРЕДНОШКОЛЦИ ОД СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ЌЕ УЧЕСТВУВААТ НА НАЦИОНАЛНОТО ДЕБАТНО ПРВЕНСТВО ВО СКОПЈЕ.

WEB Телевизија во живо

Дебатниот клуб кој функционира во рамките на Центар за поддршка на НВО (РЦОР) Гевгелија во кој членуваат ученици од СОУ Јосиф Јосифовски-Гевгелија ќе учествува на Национален Дебатен турнир со свои 7 средношколци дебатери кои ќе дебатираат со дебатни клубови од други градови. 
 
Дебатниот турнир ќе се одржи во периодот 16-ти до 18-ти декември 2022 година во просториите на „СОУ Орце Николов“ во Скопје.
 
Дебатниот турнир е дел од проектот Локални младински клубови во тековната 2022/23 година, проект на УСАИД за медиумска писменост под наслов „Младите размислуваат.
 
Со формирање на локалниот младински клуб младите учат да дебатираат, се создава простор за слободно изразување и младинско организирање, се запознаваат со поимот младински активизам и се унапредуваат младиските права и политики.
Националното дебатно првенство претставува годишен натпревар по дебата, на кој може да се натпреваруваат сите активни дебатери кои се дел од клубовите на МОФ во Македонија.
 
 Дебатерите во своите дебатни тимови, се соочуваат во најмалку 4 прелиминарни рунди на дебати, каде дебатираат на тезата на турнирот или ненајавени „импромпту“ тези, по што најдобрите тимови преминуваат во 2 полу-финални дебати и најдобрите 2 тимови се среќаваат во финалната дебата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *