РИСТО МИОВ ДОБИТНИК НА ЗЛАТО ЗА НЕГОВОТО ВИНО КАБЕРНЕТ СОВИЊОН НА „ТИКВЕШКИОТ ВИНСКИ САЛОН 2022“

WEB Телевизија во живо

Здружението на винари од Македонија, денеска ги додели наградите за најдобри млади вина од индивидуални производители и семејни винарии, во рамки на „Тиквешки вински салон”, манифестација организирана од Здружението „Тиквешки семејни винарии”.


Оценувањето го извршија стручни лица енолози од Здружението на винари од Македонија.
Ристо Миов, за своето вино Кабернет совињон го освои златниот медал.


Од Здружението на винари од Македонија, нагласија дека од година во година расте квалитетот на вината што пристигнуваат на натпреварот.


Тоа значи дека винарите, ја почитуваат традицијата на винопроизводство во нивните семејства, но во исто време и дополнително се едуцираат и бараат совети од стручни лица.

 На овие простори отсекогаш се произведувала квалитетна божествена течност. Сепак, радува фактот што преработувачите на грозје, од реколта во реколта, кон неговото височество, виното, пристапуваат со зголемени љубов, внимание, трпение и посветеност.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *