ПРОЕКТОТ „ЛУМИНА“- СЛАВЕЊЕ НА СВЕТЛИНАТА Е ПРАЗНУВАЊЕ НА НАШЕТО ПОСТОЕЊЕ.

WEB Телевизија во живо

Во организација на Дом на култура “Македонија” – Гевгелија на 19-ти декември 2022 година со почеток од 18.00 часот пред гевгелиската публика ќе биде претставена инсталацијата „Лумина“ од авторите Владимир Николовски и Марио Стошевски. Ова е прв проект на овие двајца млади автори од Куманово.
 
Проектот „Лумина“ – Славење на светлината, е празнување на основата на целото постоење. Изложбата е замислена како уживање и играње со светлината. Ние како уметничко дуо кое се занимава со вајарство, дигитално сликарство и дизајн нудиме можност да се види трансформацијата на еден простор со уметнички инсталации со светлина, хармонија на форми, бои и амбиент со цел, кај гледачот да се разбуди чувство на благодарност кон светлината како темел на сè, велат авторите за проектот „Лумина“.
 
Марио Стошевски е роден 1995 година во Куманово. Средно образование завршува во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје на отсек вајарство. Тој дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсек графика и работи како илустратор и слободен уметник.
 
Владимир Николовски е роден во Куманово во 1995 година, завшил средно училиште при ДУСЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје на отсекот вајарство,дипломирал на Факултет за драмски уметности – Скопје на отсек театарска режија. Тој работи како ликовен уметник и театарски режисер.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *