ПРОЕКЦИЈА НА АНИМИРАНИОТ ФИЛМ ЗА ДЕЦА „БИБИ И БОБИ ВО СНЕШКОВГРАД“

WEB Телевизија во живо

Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, во пресрет на Новата година, за најмалата публика организира кинопроекција на анимираната детска авантура „Биби и Боби во Снешковград“. Анимираната детска авантура ќе биде прикажана на 17 декември, 2022 година (сабота), во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 12:00 часот. 
 
Влезниците во претпродажба, по цена од 100 денари, можат да се купат во Народниот театар- Гевгелија во периодот од 08:00 до 15:00 часот и на самиот ден пред проектирањето на анимираниот филм.
„Биби и Боби во Снешковград“, во продукција на „Светот на Биби ДОО Скопје“, е новогодишна авантура на Биби и Боби заедно со снешкото Гого кои патуваат кон Снешковград за да ја дочекаат Новата година. 
 
Но, зошто во градот на Снешковците е пусто и тивко и никој нема да ја прославува Новата година, ќе дознаат дечињата на 17 декември, од: Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Сашка Димитрова и Никола Ристановски. Филмот е наменет за целата публика, односно за деца од предучилишна и училишна возраст. Режисери на филмот се Никола Чикос, Димитар Аризанов и Јосип Здравковски, по сценарио на Билјана С. Црвенковска.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *