ПРИЛЕПСКИОТ ТЕАТАР СО ПРЕТСТАВАТА „МИСТЕРИЈА БУФО“ ГОСТУВА ВО ГЕВГЕЛИЈА

„Мистеријата Буфо“ги реактуелизира средновековните комични мистерии кои ги изведувале патувачките театарски трупи. Оваа претстава фрла мрачно-комичен поглед кон апсурдноста на секојдневните неправди; прикажува важни настани од религиозниот живот, но доживеани преку очите на обичните луѓе и случајните минувачи.Животот,чудата и страдањето на Исус се случуваат некаде надвор од сцената, додека во фокусот(барем во поголемиот дел од сцените) е токму обичниот човек.Луѓето секогаш, па дури и во најтешките општествени прилики, наспроти сите прогласи и забрани, успевале да гоизразат својот револт и своите потреби, да критикуваат, да се бунат против оние кои ги угнетуваат и да се борат за подобрување на својата состојба.Токму во тоа се состои политичката моќ на средновековните религиозни драми: во субверзивната театарска моќ на патувачките изведувачи.
 
ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија во својата програма за работа во 2022 година, како организатор, ќе запише уште едно гостување на професионален театар во Гевгелија. Станува збор за изведбата на претставата „Мистерија Буфо“ од репертоарот на Театарот „Војдан Чернодрински“ при НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп.
Изведбата е закажана за 13 декември, 2022 година, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот. Влезот чини 200 денари, а билетите ќе можат да се купат во понеделник и вторник, во Народниот театар- Гевгелија, во периодот од 08:00 до 15:00 часот и пред почетокот на претставата.
 
Во претставата играат: Наташа Ачански, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска, Марија Спиркоска- Илијески, Александар Тодесју и Димитар Црцороски.
Режијата е на Андреј Цветаноски, сценографијата на Сергеј Светозарев, костимографијата на Марта Дојчиновска, а за музиката одговорни Томе Темелкоски, Димитар Ѓорѓиевски и ВИС „Војдан Чернодрински“. Драматургијата и преводот е на Лидија Митоска-Ѓорѓиевска.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *