ПРЕЗЕНТИРАН ПРОЕКТОТ „ГЕВГЕЛИЈА ВЕЛО ГРАД.“

АМД Дичо Панов Гевгелија вчера го презентираше пред пошироката јавност проектот „Гевгелија Вело град“. Во малата сала на Народниот театар, во присуство на градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, претседателот на Велосипедската федерација на Македонија, Сашо Димитријоски, претставници на ОВР Гевгелија, на бизнис заедницата, како и членови на велосипедскиот клуб Гевгелија на точак, овој благороден проект го претстави секретарот на АМД Дичо Панов од Гевгелија, Виктор Гавровски.
 
Целта на проектот, истакна Гавровски е промоција на велосипедизмот преку искористување на климатските и теренски погодности за негова поголема промоција, стекнување на здрави животни навики кај младите, зголемување на економската активност на општината преку туристичко ориентирани услуги кон велосипедизмот и развој на Гевгелија како Friendly bike city општина.
 
Една од најважните пак цели е поттикнување на зголемено користење на велосипеди во Општина Гевгелија, со субвенционирање на граѓаните при купување велосипед, воспоставување паркинг рампи за велосипеди пред сите главни институции, создавање велосипедски патеки во веќе урбанизираните делови на градот, како и создавање велосипедски патеки при идните урбанистички планови.
 
Дополнително, проектот ќе придонесе за збогатување на туристичката понуда преку организирање на спортски настан од натпреварувачки карактер Гевгелиски Велотлон, со тенденција тој во иднина да прерасне во традиција.
Проектот ќе ги застапува и промовира интересите на велосипедистите, со посебен акцент на младата популација, ќе се воспостави соработка со образовните институции за промоција и безбедно користење на велосипедите, а ќе се оствари и соработка со институциите и локалните туристички работници за потенцијалите за развој на туризмот што ги овозможува велосипедизмот. Се очекува со спроведување на проектот да се зголеми туристичката понуда и бројот на посетители на општината.
 
Инаку, Проектот „Гевгелија Вело град“ се спроведува во рамки на програмата за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската Унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Проектот ќе се спроведе во период од 01.07.2022 до 31.05.2023 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *