ДОДЕКА ВО ГЕВГЕЛИЈА МЕРНАТА СТАНИЦА НЕ РАБОТИ, ПОРАДИ ГОЛЕМО ЗАГАДУВАЊЕ СТАПУВААТ ВО СИЛА ПРЕПОРАКИ И МЕРКИ ВО НЕКОЛКУ ГРАДОВИ

Од Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информираа дека на мерните места во Скопје во Центар и Лисиче, како и во Кичево, Кавадарци и Струмица регистрирано е надминување на вредноста на загадувачки супстанции од 150 микрограми на кубен метар во текот на два последователни денови, поради што стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање. Висока загаденост е измерена и во Гостивар, а поради проблеми со мрежните системи на МЖСПП и инсталација на нова серверска опрема не се достапни податоци од мерните места Тетово и Гевгелија.
 
Од Министерството е доставена информација за загадување на воздухот до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до сите општини за епизодата на алармантно загадување на воздухот.
 
Согласно овие препораки и мерки, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство се должни да препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, потоа да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот, да препорачаат да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено и да обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.
 
Со овие препораки Владата ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат употребата на службените возила до 50 проценти и да обезбедат ограничување на работите на градежните објекти.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *