НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ СО УЧЕНИЦИТЕ ОД КЛАСАТА НА ПРОФЕСОР ВЕСНА ГИНОВСКА ИЛКОВА

WEB Телевизија во живо

Вечерва, сабота, 24 декември 2022 година, со почеток од 19,30 часот, љубителите на сериозната музика ги очекува уште еден прекрасен настан во организација на Музички моменти од Гевгелија.,
Пред гевгелиската публика, во хотелот „Аполонија“, ќе настапат учениците од класата на професор Весна Гиновска Илкова, Матеа Теодосиевска, Македонка Петреска, Билјана Буџакоска, Симона Мишевска, Ивона Огненовска и Марија Ѓорѓиевска. Тие ќе исполнат дела од Глик, Рахманинов, Чајковски, Моцарт, Штраус, Скаловски, Перголези, Пучини, Алабљев. Влезот е слободен!
 
Биографијата на професор Весна Гиновска Илкова ја красат повеќе од дваесет годинина оперската сцена, и околу 20 водечки оперски улоги, во Македонија и надвор од неа. Никој кој ја слушал и ја гледал не останал рамнодушен пред нејзината моќна вокална и драмска изведба. Сопранот Весна Ѓиновска – Илкова е дама и уметник за восхит. Дипломирала на ФМУ во класата на професор Милка Ефтимова, а магистeрските студии ги завршува во Белград во класата на професор Радмила Бакочевиќ во 2008 година. Таа е првенец во Операта и редовен професор на ФМУ. Добитник е наградата „13 Ноември“, која ја доделува градот Скопје, а стопанската комора на Република Македонија ја прогласува за почесен амбасадор на културата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *