НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА АНСАМБЛОТ „БОЈМИЈА“

WEB Телевизија во живо

И оваа година нема да изостане традиционалниот Новогодишен концерт на еден од најдобрите ансамбли за традиционална музика и игра во Македонија, „Бојмија“.
 
На љубителите на народниот мелос кои ќе дојдат во Народниот театар, играорците на овој ансамбл се подготвени да им приредат уште една незаборавна вечер со изведба на народни песни и ора во својот оригинален пристап во презентирањето на народниот фолклор.
 
Концертот ќе се одржи на 15-ти декември 2022 година(четврток), со почеток во 19,30 часот, а влезниците чинат 130 денари.
 
Во ансамблот „Бојмија“ членуваат членови од најразлични возрасти. „Бојмија“ брои околу 130 активни членови кои работат во три групи кои се поделени според нивната возраст. 
 
Репертоарот во Ансамблот „Бојмија“ е разновиден тој негува игри и песни од сите краеви на Македонија. Игрите и песните се изведуваат си автентични носии од регионот од кој потекнува играта.
 
Ансамблот „Бојмија“ покрај народните носии поседува и инструменти и свој оркестар кој е дел од сите настапи на ансамблот во земјата и во странство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *