НА 23-ТИ ДЕКЕМВРИ ЌЕ БИДЕ ПРОМОВИРАНО НОВОТО ИЗДАНИЕ „МЕТРИЧКИ КАРВАН: ГЕВГЕЛИЈА – КУМАНОВО“

WEB Телевизија во живо

Излезе од печат поетската антологија „Метрички карван“ во издаваштво на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија. Во годинашното издание на збирката е застапена поезија на поети и поетеси од Гевгелија и Куманово. И, тоа на: Васил Тоциновски, Димитар Арнаудов, Жаклина Атанасова, Јосип Коцев, Катерина Гогова, Лилјана Пецова- Илиевска, Моника Игевска Ризова, Олгица Ќурчиева, Пепи Стамков и Стефчо Стефанов од Гевгелија и Билјана Станковска, Бобан Богатиновски, Борис Митковски, Југослав Петровски, Маја Белева, Росица Митиќ, Санде Стојчевски и Сања Атанасова од Куманово.
 
Како што информираше директорот на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, Стефан Марковски, промоцијата на „Метрички карван: Гевгелија – Куманово“ со поетското читање на застапените поети и поетеси е закажана за 23 декември, 2022 година, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 18:30 часот. Промотор на поетската збирка ќе биде проф. д-р Маја Јакимовска- Тошиќ. За музичката програма на промоцијата е задолжена Теодора Гошева Капсарова- Теда.
Публикацијата „Метрички карван: Гевгелија – Куманово“ е поддржана од Општина Гевгелија преку Програмата за финанасирање на активностите од областа на културата за 2022 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *