МУЗИЧКАТА ДИВА ТЕРЕЗА КЕСОВИЈА СО ФАНКИ ВЕРЗИЈА НА НЕЈЗИНИОТ ХИТ „ШТО ОСТАНА ОД ЉУБОВТА“

Неуморната музичка дива, 84-годишната Тереза Кесовија деновиве повторно влезе во студиото за снимање, а повод овој пат не е нова песна туку кавер верзија на нејзиниот голем хит „Што остана од љубовта“. Песната на Џело Јусиќ и Жељко Сабол Тереза ја изведе на 24. Фестивал на популарна музика во Загреб во 1978 година, а беше „облечена“ во нов аранжман на Борис Ѓурѓевиќ.
 
Авторот и продуцентот на Колонија, нашата најпозната танцова група, објасни како настанала првата соработка со хрватската имузичка дива.
„Отсекогаш ми се допаѓа таа песна бидејќи е блиска до мојот музички израз, а кога добив повик од тимот на Тереза и предложив соработка, не се двоумев ни за момент. Песната ја свртевме со фанки диско ритам создаден на крајот на 70-тите во ремикс на 21-от век и верувам дека оваа наша соработка ќе воодушеви многумина“.
 
А како Тереза се одлучи за оваа необична соработка?
„Верувам дека на публиката ќе и се допадне новиот аранжман на една од моите омилени песни бидејќи ме воодушеви. Соработката со Борис беше сосема ново откритие за мене, а неговиот професионализам и ентузијазам не треба да се трошат залудно. Песната ја посветувам на мојата верна публика, нека поминат во здравје и мир претстојните празници и цела 2023 година“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *