КРАЛСКИТЕ ИЗВИДНИЦИ ОД ГЕВГЕЛИЈА ПО ВТОР ПАТ СО БОЖИЌЕН БАЗАР

WEB Телевизија во живо

Кралските извидници од Гевгелија оваа година, по втор пат ќе организираат Божиќен Базар кој ќе се одржи од 28-ми до 30-ти декември на тревникот пред Народниот театар во Гевгелија.
 
Како што не информираше една од членките на Кралските ренџери, Катерина Колева, поканети се сите гевгеличани на дружење со скара, кафе/чај и вафли. На базарот има извиднички работилници на кои децата и тинејџерите можат да учествуваат и да собираат поени.
 
Денес, вториот ден, фокусот беше на промоција на OUTDOOR спортови, каде спортски клубови и организации кои работат во општина Гевгелија се вклучија во програмата со работилници и презентации.
 
Третиот ден, утре, на 30 декември, ќе има базар каде ќе бидат изложени и продавани рачни изработки. Ќе има и Божиќна програма за децата и родителите.
Млади водачи и извидници од Холандија, Белгија и Германија ќе учествуваат на настанот и ќе водат дел од извидничките работилници, што му дава на целиот настан интернационален карактер.
 
Атмосферата за време на целиот настан ќе биде Божиќна, исполнета со соодветна музика. Организаторот најави дека со ова се сака за момент, граѓаните да си ги стоплат срцата и да се подготват за прославувањето на Божиќ и Нова година, со надеж за подобра иднина. Сите средства собрани од овој преокт ќе бидат донирани за добротворни цели.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *