КОШАРКАРСКИТЕ ВЕТЕРАНИ НА „КОЖУВ“ ЌЕ ОДИГРААТ ХУМАНИТАРЕН НАТПРЕВАР

WEB Телевизија во живо

Кошаркарскиот клуб „Кожув“ од Гевгелија организира натпревар помеѓу ветераните- поранешни членови на Клубот. Имено, натпреварот ќе се одигра утре (23 декември, 2022 година), во Спортската сала „26 Април“- Гевгелија, со почеток во 18 часот. Помеѓу двете полувремиња, публиката ќе има можност да се забавува и да ужива во настапите на легендарниот Дејан Малзарков и Танцовото студио „Мистик“ од Гевгелија.
 
Бидејќи натпреварот е од хуман карактер, влезот чини симболични 50 денари. Како што велат организаторите, целта на овој натпревар, покрај активирањето на кожувските кошаркарски ветерани на терен и потсетување на старите добри денови поминати во спортска фер игра, е и хуманоста, како општествена одговорност да им се помогне на оние кои им е најпотребно.
 
КК КОЖУВ од Гевгелија е регистриран во 1955 година.
Тој континуитет е задржан до денешен ден и во моментот се натпреварува во Прва Македонска Кошаркарска Лига.
Најголем успех во историјата на клубот е постигнат во натпреварувачката сезона 2012/13 година со пласман во финалето на Првата Македонска Кошаркарска Лига.
Особено задоволство ќе биде да се видат поранешните кошаркари кои го дале и се уште го даваат својот придонес во развојот на кошарката и воопшто во функционирањето на гевгелискиот кошаркарски клуб.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *