ИЗЛОЖБА НА СКУЛПТУРИ “РАЃАЊЕ НА БИТИЕТО” НА АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ ВО БОГДАНЦИ

WEB Телевизија во живо

ЈОУДК “Бранд Петрушев” Богданци, на 9 декември, петок, со почеток од 20 часот, за љубителите на ликовната уметност организира изложба на скулптури „Раѓањето на битието“ на современиот автор м-р Александар Јанев.
 
Духот на нашето време е во постојано движење. Тој е како река што тече неприметно барајки ново, авторот Јанев го нашол тоа што му е најблиску а сепак изгубено во природата и човекот. Авторот создава уметничко дело кое ќе има свое значење и по својата содржина нема да смее да се исцрпи со линии, кривини, површини и вдлабнатини во дрвото, каменот и металот во одредените тонови или во било кој друг материјал кој се искористува туку развива внатрешен живот, чувства, душа, некоја содржина и некој дух кој се нарекува значење на уметничкото дело… Тој не се занимава со пресликување на природата, туку со изразување на сопствените доживувања на природата. Тој ја поддржува мислата дека тоа што ни го дала природата треба да се искористи за создавање на уметничко дело.
 
Александар Јанев од Гевгелија дипломирал на УКИМ, Факултет за ликовни уметности Скопје, оддел вајарство со графички дизајн во класата на професор Беди Ибрахим. Учествувал на сите групни изложби на ДЛУГ и Мултимедиа центар, а бил и дел од повеќе ликовни колонии.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *