ХУМАНИТАРНА ИЗЛОЖБА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ 3 – ТИ ДЕКЕМВРИ

Од 1992 година, 3-ти декември се одбележува како Мегународен ден на лицата со инвалидност, со цел да промовира целосно и еднакво вклучување на лицата со инвалидитет во сите аспекти на социјалниот живот, да го промовира разбирањето за проблемите на лицата со инвалидност и да мобилизира поддршка за достоинството, правата и благосостојбата на овие лица.
 
По тој повод, Дневниот центар-Гевгелија, во соработка со Народниот музеј од Гевгелија, вчера организираше хуманитарна изложба, на која во Уметничката галерија „Амам“ беа изложени рачните изработки, кои со многу љубов и внимание ги изработија корисниците на Дневниот центар.
 
Во овој дневен центар се згрижени 18 корисници , на кои им се пружаат индивидуални активности за стекнување животни и работни вештини,социјални,културни и рекреативни активности.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *