ХУМАНИТАРЕН БАЗАР „СВЕТИ НИКОЛА ДАРУВА, СВЕТИ НИКОЛА ПОДАРУВА“

Здружението „Православна жена“ и оваа година ја продолжува традицијата на организирање на хуманитарниот базар „Свети Никола дарува, Свети Никола подарува„, со што ја продолжува нивната улога и придонесот во православниот живот во општината. 

Инспирација и поттик, тие наоѓаат во постарите генерации, мајки, баби и прабаби, кои цврсто ја зајакнувале верата, со пожртвуваност и дела, како во својата фамилија така и во православието.
 
Така, на ден 18 декември 2022 година, недела, во времето од 11 до 16 часот, во дворот на црквата „Свети Кирил и Методиј“ ќе биде одржан овогодишниот Хуманитарен базар „Свети Никола дарува, Свети Никола подарува“ на кој ќе бидат изложени посни продукти, украсни пијалоци и ракотворби.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *