ФК „КОЖУФ“ ГО ЗАВРШИ ЕСЕНСКИОТ ДЕЛ ОД ФУДБАЛСКОТО ПРВЕНСТВО НА ВТОРАТА МАКЕДОНСКА ЛИГА НА 11-ТО МЕСТО

Последното есенско коло односно 15-тата рунда од Втората македонска фудбалска лига беше отворено во петокот со дуелот меѓу Вардар и Кожуф, кој заврши со триумф од 2:0 за најтрофејниот македонски фудбалски клуб, скопски „Вардар“. 
 
Овој натпревар се одигра ден порано од вообичаениот саботен термин за второлигашите, бидејќи Вардар немаше слободен стадион за да игра во саботата.
 
Иако со играч помалку речиси цело второ полувреме, екипата на Вардар со головите на Мицевски и Маркоски, ги освои трите бода.
 
Со овој пораз во последното, 15-то коло од Втората фудбалска макседонска лига, гевгелискиот тим полусезоната ја заврши на 11-то место со освоени 17 бода.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *