ЕДНА ЗЛАТНА И ДВЕ СРЕБРЕНИ ДИПЛОМИ ЗА ГЕВГЕЛИСКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР ПО ЛАТИНСКИ ЈАЗИК „ELEX“

На 14.12.2022 година, во организација на Европското здружение на класични филозофи, „Еурокласика “, чиј член е здружението на класични филолози „Антика“, се организираше натпревар на меѓународно ниво по класичните јазици EGEX (старогрчки) и ELEX (латински јазик). 
 
Учениците од средните училишта кои го изучуваат овој класичен јазик имаа можност да ги покажат своите знаења за латинскиот јазик ,значаен за европската литература, наука и култура воопшт. СОУ ,,Јосиф Јосифовски” е добитник на три награди. 
 
На натпреварот ELEX (латински јазик) ученичката Сара Стамкова го достигна највисокото ниво, златна диплома, додека ученичките Велика Бучкова и Елена Ристова се закитија со сребрена диплома.
 
Менторот на учениците, професорката по латински јазик Мирјана Чамџиќ не информираше дека се работи за натпревар кој се организира во 34 земји, за учениците кои минатата година го изучувале латинскиот јазик. Тестовите добиени од Германија, ги решаваат учениците, а потоа решените тестови се враќаат на оценување. 
 
Во наредниот период сите наградени ученици,потенцираше Чамџиќ, ќе добијат дипломи, кои потоа ќе може да им послужат при запишувањето на факултетите каде е потребно познавање на латинскиот јазик.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *