ДЕТСКА ПРЕТСТАВА „НОВОГОДИШНА АВАНТУРА“ НА „ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ“ ЗА НАЈМЛАДИТЕ ГЕВГЕЛИЧАНИ !!!

WEB Телевизија во живо

Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, за дечињата од Општина Гевгелија ја организира театарската претстава „Новогодишна авантура, од репертоарот на Театарот „Златен елец“ . Во претставата, се работи за авантурата на малата Лена која е заљубена во китењето на новогодишната елка. 
 
Кога таа заспива ќе ја посетат трапавите помошници на Дедо Мраз, кои откако ќе приметат дека ги заборавиле подароците што треба да ги однесат под елките на децата, решаваат да ги земат елките и да ги однесат кај подароците. 
 
Ова е забавна модерна приказна која низ авантурите на Лена не учи за правите вредности. Улогите ги толкуваат: Надица Петрова, Никола Кузелов, Виктор Велевски и Александар Иваноски.
 
Претставата ќе се одигра на 9 декември, 2022 година, во Народниот театарГевгелија, со почеток во 18:00 часот. Влезот чини 100 денари, а билетите можат да се купат од денеска до петок, во Народниот театар- Гевгелија, од 08:00 до 15:00 часот и во петок, пред самиот почеток на претставата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *