ДЕДО МРАЗ ОД ЛАПОНИЈА ПРЕКУ МИРАВЦИ СО ВОЗ ПРИСТИГНА ВЧЕРА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Дедо Мраз во Гевгелија пристигна во Гевгелија во средата, на 28 декември 2019 година, во 12 часот .И оваа година како и секоја во последните триесеттина, традиционално Дедо Мраз најнапред пристигна на железничката станица во Гевгелија, не со поларниот експрес, туку со возот од Миравци во Гевгелија. 

Од Пионерскиот дом со автомобил тој се упати кон центарот на градот, каде го пречекаа најмладите од Гевгелија, приредувајќи му пригодна забава.
 
Станува збор за новогодишниот карван, кој се организира секоја година, а Гевгелија е единствениот град во Македонија кој го чека Дедо Мраз да пристигне со воз. 

И оваа година Пионерскиот дом беше организатор на дочекот на Дедо Мраз на железничката станица.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *