АТАНАС ЕПОВ ТРЕТ НА 5 КИЛОМЕТРИ НА ТРКАТА ВО ВЕРИЈА „ПАТОТ НА ФИЛИП“. УЧЕСТВУВАА 11 АТЛЕТИЧАРИ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ НА 5 И 14 КИЛОМЕТРИ.

Во сабота на 10 и недела на 11 декември 2022 година. во Верија се одржа атлетскиот фестивал „Патот на Филип“ На програмата беа трката на 14 километри, и паралелните трки од 5 километри, како и 2 километри за средношколци и 1километар за основци.
 
Иако започна со сонце, сепак заврши со дожд, напладне во неделата, 11 декември 2022 година, 9-от „Пат на Филип“, Вергина – Алијакмонас – Верија. Нешто повеќе од 600 тркачи, од цела Грција и странство, се појавија на овие трки.
 
Меѓу нив беа и 11 атлетичари на АК „7-ми Ноември“, кои и со ова докажаа дека се едни од најактивните атлетски клубови во Македонија.
Атанас Епов го освои третото место на 5 километри со што на најубав начин ја заврши, за него мошне успешната сезона, од 13 трки единаесет подиуми.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *