5-ТИ ДЕКЕМВРИ, СВЕТСКИ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО

WEB Телевизија во живо

ЛАЗАР МЕШКОВ, СЕКРЕТАР НА ООЦК ГЕВГЕЛИЈА:
ВОЛОНТЕРИТЕ ОД ОО НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ГЕВГЕЛИЈА СВОЈАТА ХУМАНОСТ ЈА ПОКАЖАЛЕ МНОГУ ПАТИ НА ДЕЛО
 
5 декември е познат како Меѓународен ден на волонтерите. Овој ден е шанса за индивидуалните волонтери и организациите кои промовираат волонтерски вредности, да ги промовираат своите придонеси за развој на локално, национално и меѓународно ниво.
 
Волонтерството им дава можност на луѓето, особено оние што често пати се исклучени од локалните заедници, конкретно да влијаат врз своите животи и да играат конструктивна улога во своите заедници преку волонтирање на своето време и вештини. Преку волонтирање, заедниците низ целиот свет честопати доживуваат зајакната солидарност и вклученост. Придобивките се енормни и за заедниците, а и за волонтерите.
 
Во секоја Општинска организација на Црвен крст, така и во Општинската организација на Црвен крст на Гевгелија постои форма на организирање на младите волонтери преку т.н. „Клубови на млади“. Заедничко за сите клубови на млади е тоа што нивното функционирање е во согласност со Правилникот за организација и работа на Младите на Црвен крст на РМ.
 
Во Гевгелија тоа се млади луѓе, кои преку своите активности ги шират принципите и идејата за Црвениот крст, волонтираат за посреќно, поздраво и поинформирано општество, во кое младите ќе можат поуспешно и поквалитетно да се оформат како личности и идни успешни лидери на светот. Во низата форми на делување на Општинската организација на Црвениот крст на Гевгелија, младите се поддршка, но и директни имплементатори на програмските и проектните активности.
 
Секретарот на ООЦК Гевгелија, Лазар Мешков, честитајќи им го денешниот ден на сите волонтери, им порача:
„Нека овој ден биде наш потсетник за вашата посветеност, пожртвуваност и професионалност кои секојдневно ги покажувате на дело во служба на една единствена цел, хуманоста.
Ви благодариме за секоја ваша идеја, секој одвоен момент од вашите животи во реализација на замислите за сечие подобро утре.
Нека Ви е честит 5-ти декември – Меѓународниот ден на волонтерството!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *