ЗГОЛЕМЕНО СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА. НЕДОСТАСУВААТ „СИГУРНИ КУЌИ“ ЗА ЖРТВИТЕ НА НАСИЛСТВОТО

WEB Телевизија во живо

Во Извештајот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Гевгелија, кој денеска се наоѓа пред членовите на Советот на Општина Гевгелија се посочува дека жртвите на семејно насилство се особено ранлива категорија и во последниот период значително е зголемен бројот на пријави од оваа категорија. 

Во оваа насока Центарот ја потенцир добрата соработка на МВР, Основен суд и ЈУ МЦСР Гевгелија во навременото и ефикасно постапување согласно Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство. Но проблем претставува ургентното згрижување на жртвите веднаш штом се случи насилство, односно немањето соодветно место т.н „сигурни куќи“ или шелтер центар. Исто така кај оние жртви кои се невработени проблем е нивно активирање на пазарот на труд, односно наоѓање работно место. 

Многу често економската зависност ги тера овие жртви и да не го пријават насилството, а и кога ќе пријават не даваат согласност да се води судска постапка токму поради економската зависност. И покрај се неопходно е да се изнајде начин во соработка со Локалната Самоуправа да се обезбеди соодветен простор за времено и ургентно сместување на жртви на семејно насилство, стои во Информацијата на Центарот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *