ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ДИВИТЕ ДЕПОНИИ

ОПШТИНСКАТА ИНСПЕКЦИЈА ПРЕДЛАГА ОДРЕДУВАЊЕ ОГРАДЕНИ ЛОКАЦИИ ЗА ФРЛАЊЕ ШУТ И ОТПАД ВО СИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА.
 
На наредната седница на Советот на Општина Гевгелија, на дневен ред пред советниците ќе се најде Информацијата за состојбата со дивите депонии на територијата на Општина Гевгелија.
 
Во неа, покрај тоа што се констатира дека дека на територијата на Општина Гевгелија постојат над десеттина поголеми или помали диви депонии, се предлага и начинот како да се реши овој горлив проблем.
 
И покрај организираното подигање на отпадот, со дворско подигање и преку контејнери од страна на ЈПКД Комуналец-Гевгелија, и негово одлагање на новата времена депонија кај Ново Конско, дел од граѓаните се решаваат отпадот да го фрлаат на несоодветна локација, а со тоа придонесуваат за создавање на диви депонии. Вакви диви депонии, стои во информацијата, постојат во речиси сите населени места во Општината, како и во излетничкото место Смрдлива вода.
 
ЈПКД „Комуналец“ во оваа година извршил чистење и дислокација на отпадот на дивите депонии кај населените места Миравци, Смоквица, , Серменин, Богородица, Мрзенци, како и над излетничкото место Смрдлива вода и по течението на Сува река, како и на десетина помали депонии. Но, праксата со фрлање на отпад продолжила и натаму.
 
Проблем, според изготвувачот на оваа информација e што пштината нема определено локации за фрлање на отпад, така што кога инспекцијата излегува на терен се соочува со проблем поради немањето на вакви конкретни локации.
 
Затоа изготвувачот предлага до Советот на Општина Гевгелија, во сите населени места да се одредат локации за одлагање на градежен шут и кабаст отпад, тие да се заградат од трите страни а едната страна да биде отворена за влегување со возила.
Исто така, се предлага, во населените места каде постојат Месни канцеларии, граѓаните да се пријавуваат и со белешка да им се одобри фрлањето на отпадот, а доколку не се пријават, од страна на инспекцијата да се интервенира. Потребно е, се вели на крајот на оваа информација и да се одреди определена цена за изнесување на ваквиот отпад.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *