ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА МЛАДИНСКИТЕ ПОЛИТИКИ ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ИЗДВОИ 0,1 ПРОЦЕНТИ ОД БУЏЕТОТ

Локалниот младински совет на Општина Гевгелија, на 11 ноември, 2022 година, ја одржа својата 3. седница. На седницата, членовите на Локалниот младински совет ја усвоија Програмата за работа на ЛМС на ОГ, која ќе ја достави до Советот на Општина Гевгелија како предлог за усвојување во рамките на Буџетските програми за 2023 година. 
 
Согласно законските одредби, Општина Гевгелија треба да издвои средства во висина од најмалку 0,1% од Буџетот за имплементација на младинските политики.
 
Пред закажувањето на 3. седница, членовите на Локалниот младински совет и Локалното собрание на млади на Општина Гевгелија работеа на креирањето Предлог-Програма со мерки и активности, согласно потребите и интересите на младите од општина Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *