ВТОРО МЕСТО ВО КАТЕГОРИЈА ЗА ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА НА „STRUMINA TRAIL 2022“

WEB Телевизија во живо

Вчера, недела, 27 ноември, во Штип се одржа деветтото издание на кратката ама слатка треил трка во околината на Штип. На стартот кој беше од пред СОУ Јане Сандански се појавија над 200 атлетичари од сите краеви на Македонија, како и од Полска, Австрија и Белгија.

Боите на ЗПСК „КОЖУФ“ од Гевгелија ги бранеа Валентина Узунова, во женска и Методија Ичев и Срѓан Милошевски, во машка конкуренција.
 
Валентина и овој пат ги покажа своите тркачки способности,и го освои одличното второ место во категорија.
Патеката и годинава беше со должина од 18 километри со 750 метри висинска варијација. На патеката имаше еден окрепен пункт во селото Липов Дол на 8,9 километри од стартот на патеката, а попатно тркачите минуваа покрај неколку изворски чешми, меѓу кои Струмина на 2,8 километри од стартот, Љупчова на 7,1 и Куртбунар на 17,5 метри од стартот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *