ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ИМА ТРИ СЕРТИФИЦИРАНИ ЗГРИЖУВАЧКИ СЕМЕЈСТВА

Во месец Јуни 2022 година ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Гевгелија во соработка со Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ ја отпочнаа кампањата ,,На секое дете му треба семејство,, која имаше за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов. 
 
Покрај тоа што ја зголемува свесноста за згрижување на деца, го зголемува и бројот на потенцијални згрижувачи и истовремено креира достапна мрежа на згрижувачки/роднински семејства низ целата територија на државата. На тој начин, се придонесува децата да продолжат да живеат во познато опкружување, културолошки блиски на нивното потекло, преку истовремено обезбедување грижа и заштита на децата, одржување на врските со семејството, заедницата и културното потекло.
 
По одржаниот настан се охрабрија и семејства од општина Гевгелија да се пријават на обуката за згрижувачи во траење од еден месец ,а беше одржана од страна на СОС Детско село-Центар за поддршка на згрижувачки семејства. На 3 – ти Ноември им беа доделени и сертификати за згрижувачи од кои 3 семејства се од општина Гевгелија. Од Центарот се надеваат дека во иднина ќе се зголеми бројот на заинтересирани згрижувачки семејства во општината па и пошироко.
 
Постапката за станување на згрижувачко семејство започнува со поднесување на Барање до месно надлежниот центар за социјална работа во општината во која живее идниот згрижувач каде се приложува законски пропишаната документација.
 
Износот на социјалната услуга за згрижување во општо згрижувачко семејство, изнесува: 16.730 денари месечно за дете, кога е згрижено едно дете, 14.554 денари месечно за секое дете, кога се згрижени две деца, 13.091 денари месечно за секое дете, кога се згрижени три деца, 12.041 денари месечно за секое дете, кога се згрижени четири деца, и 11.249 денари месечно за секое дете, кога се згрижени пет деца.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *