УСЛУГИТЕ НА НАРОДНАТА КУЈНА ВО ГЕВГЕЛИЈА ЈА КОРИСТАТ 42 ЛИЦА ОД СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ

На територијата на Општина Гевгелија функционира 1 народна кујна. Според информацијата од страна на Центарот за социјални работи-Гевгелија, која беше презентирана на последната седница на Советот на Општина Гевгелија од страна на директорката на Центарот, Васка Илиева, услугите на Народната кујна во Гевгелија ја користат 26 носители на право а зедно со соуживателите вкупно 42 корисника.
 
Овие корисници добиваат по еден оброк дневно, додека бројот на оброци месечно изнесува 848 оброка . Ова право го користат корисници на гарантирана минимална помош, самохрани родители, и повеќедетни семејства од социјален ризик.
 
Лицата што се корисници на услугите во народна кујна се со решение од месно надлежниот центар за социјална работа и истите тие од понеделник до петок добиваат еден топол оброк дневно, а во викенд-деновите добиваат ладен оброк, кој го подигаат во петок.
 
Инаку, на територијата на Македонија во урбани и рурални средини се отворени 50 народни кујни во 50 општини, односно 61 пункт, а услугите ги користат 3.147 лица.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *