ТРИ ГОДИНИ ОД 7- МО НОЕМВРИСКО „КРУГЧЕ“ НИЗ ГЕВГЕЛИЈА НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“

WEB Телевизија во живо

На денот на ослободувањето на Гевгелија, а поврзано и со името на клубот, петнаесеттина атлетичари од новоформираниот клуб „Атлетски клуб 7ми Ноември“ од Гевгелија го имаа своето прво „огнено крштевање“, првиот собир и трчање низ улиците на Гевгелија. И покрај лошите временски услови, учесниците трчаа групно, и според планираната рута, се истрчаа 5, 2 километри низ улиците во Гевгелија.
 
Стартот на 7-мо Ноемвриското кругче беше кај Тобако Итар Пејо а маршрутата одеше по улиците. Скопска, 7ми Ноември, Маршал Тито, , Слободан Митров Данко, Железничка. Булевар Гевгелија , Радован Ковачевиќ, додека целта беше повторно кај Тобако Итар Пејо.
 
Според зборовите на атлетичарите, целта на ова симболично трчање е одбележување на денот на ослободувањето на Гевгелија но и денот по кој е именуван клубот. Се очекува од наредната година, ова трчање да стане традиционално, во чест на општинскиот празник, и со зголемен број на учесници.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *