СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС:

WEB Телевизија во живо

НАЈОСТРА ОСУДА НА “БАЛКАНСКАТА МРЕЖА ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО – БИРН“ КОЈА СМК И ДРУГИ 10 МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ГИ ОБВИНУВА ЗА ЕКСТРЕМИСТИ, ТЕРОРИСТИ И УЛТРА-НАЦИОНАЛИСТИ!
 
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за неоснована политичка дискредитација ја смета квалификацијата на таканаречената “Балканска мрежа за истражувачко новинарство – БИРН“ за СМК како “ултра десничарска и екстремистичка организација, која го нарушува процесот на градење стабилно и здраво општество“, бидејќи СМК бил против Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година, Договорот Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година и Француската Преговарачка рамка за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија од 23 и 30 јуни 2022 година и бидејќи бил донатор на Крстот во Аеродром.
 
СМК потсетува дека е меѓународна невладина организација која претставува неформален Светски парламент на Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, чии основни цели се: (1) духовно, културно и економско обединување на Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, во функција на Македонскиот народ и неговата држава Македонија; (2) заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет, наследство и простор; (3) заштита и афирмација на човековите и граѓанските права и слободи; (4) развој на демократијата; и (5) афирмација на целите и задачите на Организацијата на Обединетите нации.
За СМК неприфатливо е неговото вбројување во Листа на БИРН со “ултра десничарски и екстремистички организации“, кои го промовираат наци-фашизмот од Втората светска војна и верскиот фанатизам на ИСИС!
 
СМК потсетува дека од неговото формирање на 12 јануари 1899 година во Шајцарија, преку возобновувањето на 15 септември 1990 година во Македонија, се’ до денес, со сите свои дела во последните 30 години во светот и татковината, никогаш не демонстрирал агресија, насилство, екстремизам, тероризам, наци-фашизам или шовинизам!
СМК бара БИРН да се извини за обвинувањата и да го отстрани СМК од нивната листа, во спротивно ќе поднесе тужба против директорот на БИРН Македонија Ана Петрушева, која ќе треба на суд да ги докажува клеветите на нивното здружение!
 
СМК во намерите на македонскиот огранок на БИРН препознава намерна и системска дисквалификација на етнонимот Македонец во Македонија и меѓу Македонците во светот, како и сатанизација на македонските организации кои се борат за афирмација на основните вредности на Македонската цивилизација: Мирот и љубовта, наспроти војната и омразата; Толеранцијата и коегзистенцијата, наспроти дискриминацијата и сегрегацијата; и Културниот глобализам кој врши интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религи и култури, наспроти корпоративниот глобализам кој врз основа на профитните интереси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури, се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка!
 
СМК смета дека намерите на БИРН се обид за маргинализација на Македонците и македонските организации кои се против Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година, Договорот Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година и Француската Преговарачка рамка за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија од 23 и 30 јуни 2022 година, со цел вметнување на бугарите во Уставот заради почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија!
 
СМК информира дека БИРН претставува Балканска мрежа за истражувачко новинарство (Balkan Investigative Reporting Network – BIRN) на невладини организации кои “ја промовираат слободата на говорот, човековите права и демократските вредности во Јужна и Источна Европа“. Меѓу донаторите на БИРН се Европската комисија, Холандската агенција за развој, Данската агенција за меѓународен развој, британските амбасади од регионот, Норвешкото министерство за надворешни работи, ОБСЕ, Швајцарската агенција за развој и соработка, Данскиот фонд за регионални партнерства, Амбасадата на САД во Македонија, Владата на Луксембург, Холандското министерство за надворешни работи, Министерството за култура на Србија, Шведската агенција за меѓународен развој и соработка, УНДП, УСАИД, УНМИК, СОРОС и други.
 
БИРН има за задача да ги документира екстремистичките, екстремно десничарските и ултра-националистичките организации и групи кои се активни во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.
БИРН во 2022 во Албанија етикетира 4 екстремистички, екстремно десничарски и ултра-националистички организации и групи, во Босна и Херцеговина 21, во Косово 8, во Црна Гора 7, во Македонија 11 и во Србија 20.
 
БИРН во Македонија за екстремистички, екстремно десничарски и ултра-националистички организации и групи ги етикетира само: Македонското патриотско здружение “Андон Јанев Ќосето“ од Велес, Македонското патриотско здружение “Владо Георгиев Черноземски“, Единствена Македонија, Тврдокорни, Bashkësia Islame Selefie “Dar el-Hadith” – Shkup (Салафитската исламска заедница “Дар ал-Хадис“ во Скопје, Бојкотирам, Христијанско братство, ТМОРО – ВЕП, ТМРО (Трајно македонско радикално обединување), Балисти и Светски Македонски Конгрес!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *