СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

Советот на Општина Гевгелија вчера ја одржа својата 17-та, свечена седница по повод празникот 7 Ноември- Денот на слободувањето на Гевгелија. 

Во големата сала на Народниот театар- Гевгелија, свое обраќање имаше градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој ги запозна присутните со реализираните проекти и манифестации во периодот меѓу двата празника.
 
Покрај членовите на Советот на Општина Гевгелија, на свечената седница присуствуваа и поканети гости, претставници на Здружението на борците од НОВ од Гевгелија, делегации од збратимените Општини Инџијa- Република Србија, Јабланица- Република Босна и Херцеговина, Севлиево- Република Бугарија, пријателските Општини: Разлог- Република Бугарија, Гвозд- Република Хрватска и Велика Кладоша- Република Босна и Херцеговина, како и претставници на другите Општини од државата, локалните институции и установи и бизнис-заедницата.
 
На Седницата специјални признанија за постигнатите резултати и допринос во афирмацијата на Општина Гевгелија им беа доделени на Општата болница со проширена дејност-Гевгелија, на која Советот и додели и 500.000 денари за набавка на нов гинеколошки апарат, на АК „7-ми Ноември“, како и на Петар Толев, поранешен амбасадор.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *