САРА СТАМКОВА: ЖЕНСКИТЕ ПРАВА ВО 21 ВЕК

ЖЕНСКИТЕ ПРАВА ВО 21 ВЕК – . ВО НАШАТА ДРЖАВА ИМА ПРОБЛЕМ СО ВРАБОТУВАЊЕ НА ЖЕНИТЕ. СЕ ПОВЕЌЕ СЕ СЛУША „ЖЕНАТА Е ПРЕДОДРЕДЕНА ЗА ДОМАЌИНКА“.
 
Дваесет и првиот век е современ во сите аспекти кои ги посакуваме, а сѐ уште со векови се провлекува проблемот на женските права. Проблем кој делумно е решен. Жените за разлика од минатото, добија поголеми права. Сепак тие права не се во рамноправност со оние на мажот. Па, и оние кои се донесени со закон не секаде и не сите ги почитуваат. Родовата нееднаквост, и супериорноста на мажот се случува уште илјадници години наназад. 
 
Статистиките покажуваат дека дури седумдесет и пет проценти од жените во светот се неписмени. Во нашата земја тие имаат право на образование, но гледаме примери на држави каде поради различни култури и државни уредувања, тие се исклучени од системот на образование. Додека пак жените кои се образувани се соочуваат со поголеми потешкотии. Во нашата држава особено има проблем со вработувањето на жените. Повеќето работодавачи работните места им ги препуштаат на мажите. Жените се дискриминирани.
 
Како растам, сѐ повеќе ја слушам реченицата:,,Жената е предодредена да биде домаќинка”. Боли тоа што многу жени целиот живот го поминуваат работејќи дома, чувајќи деца и повозрани членови на семејството. Така таа го губи правото да основа своја кариера и да има личен приход. Работата во домаќинството е неплатена и нецената, а трае со часови. Со тоа што таа не придонесува во домашниот буџет, нема еднаквост на правата во семејството. Многу жени на тој начин стануваат жртви на семејно насилство.
 
Правата на жените не се исти во сите држави. На Западот жените имаат далеку поголеми права од оние на Истокот. Жените на Истокот почесто се жртви на неправда, на сексуално насилство, малтретирани, понижувани. Убиена беше Махса Амини од Иран само затоа што се ,,дрзна” да го симне хиџабот. Само заради тоа што покажа непокорност, и излезе од ,,стадото” и се обиде да размислува со своја глава. Многу жени и девојки излегоа на протести, но тоа доведе до убивање на уште една млада девојка Ника Шакарами, која го стори истото.
 
Свесни сме дека сегашнното време на технологија и напредок, и не е толку модерно. Жената уште не е рамноправна со мажот. Како што рекла Ејн Ренд:,,Прашањето не е кој ќе ми дозволи, туку кој ќе ме спречи”. Треба да бидеме свесни дека не секогаш сѐ се добива лесно. Но, исто така и не постои маж кој може да застане на патот на жената да ги оствари своите права и соновите да ги претвори во реалност.
 
Патот кон тоа жените и мажите да бидат рамноправни е тежок. Не сме должни поради тоа што се случувало во минатото, да бидеме потчинети од фигурата на мажот во општеството. Ако сите жени во светот почнат да се борат за себе, ќе се слушне и гласот на жената. Така би живееле во свет во кој секаде има родова еднаквост. Затоа викни силно, за да се слушне твојот глас. Викни силно онака како што во далечната 1911 година тоа го направија Роза Луксембург и Клара Цеткин, борејќи се за моите, твоите и правата на сите жени во светот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *